За нас!

Делта Хостинг е онлајн корпорација со долгогодишно искуство во Хостинг пазарот. Ние како онлајн корпорација имаме неколку партнерства од странство со кои соработуваме и пред се ние се трудиме да го овозможиме тоа што другите неможат. Прво кај нас цената е најреална затоа што таква е и цената надвор од нашата држава, второ ние не сме хостинг како останатите кои нудат дури и послаба услуга за тродупло поскапа цена. Единствено во Делта Хостинг вие како клиент никогаш нема да бидете разочарани, секогаш нашиот тим се труди да ви удоволи се што вам ви е потребно за да бидете задоволни..

1. Приватност

    Делта Хостинг ги собира податоците од типот на вашето Име/Презиме и вашата единствена е-маил адреса која ја користите, ние не зачувуваме никакви податоци од вашиот ЕМБГ или вашата слика/адреса ние како Онлајн корпорација имаме потреба само од доказ дека сте извршиле уплата секако вие имате право да го скриете вашиот матичен адреса и се што вклучува ваше приватно на уплатницата, останатото како што е бројот на трансакција од банка/пошта и потврдата од нив секако таа треба да стои за да се смета како валидна откако истата ќе биде утврдена и примена ние ја бришеме трајно уплатницата затоа што доказот го имаме на самата Трансакциска сметка, во нашиот систем заведуваме дека вие на тој ден сте извршиле уплата и со тоа вие сте заштитени..

2. Извршување на Нарачки

    За да извршите нарачка потребно е вие да направите регистрација преку системот https://pay.dhostmk.com, на регистрацијата потребно е вашето вистинско Име/презиме и вашата единствена е-маил адреса која ја користите затоа што на истата откако ќе се регистрирате ќе ви код за потврда кој моја да го искористите за вашиот акаунт да биде валиден.

3. Техничка Поддршка

    Ние располагаме со тим кој секогаш е тука за да ви помогне, ваше е само да го одберете начинот на кој ќе не контактирате. Дали ќе биде тоа со тикет преку системот https://pay.dhostmk.com или ќе биде тоа преку фејсбук fb.com/deltahosting или по испраќање на порака до info@dhostmk.com

4. Обврска на клиентот

    Делта Хостинг забранува користење на варез скрипти, како и отварање на веб страни кои користат доказни материјали за одредени странки, детска порнографија, страни кои содржат активности за хакирање, страни со навреда, страни со содржини кои не се легални. Со самото закупување на услуга од Делта Хостинг вие морате да ги почитувате овие правила поради што Делта Хостинг има право да ви ја прекине и одземе услугата за трајно притоа да немате право да ја користите повторно. Истотака Делта Хостинг не нуди менаџирање на VPS/Веб/Игри тоа значи дека ние не изработуваме мод за SAMP/MTA/Minecraft истотака ние освен инсталацијата на оперативниот систем на VPS другото вие сами треба да го снимите.

5. Услови за VPS/Сервери за игри

    Делта Хостинг забранува да се користат страни кои содржат реклама од друг хостинг, истотака доколку ви се испорачани 50 слотови и вие треба да користите само 50 слотови за онолку колку вие сте уплатиле и доколку вие сами ги покачувате слотовите тогаш Делта Хостинг ќе ви даде прва опомена и 1 ден суспензија на серверот. Откако серверот ќе ви биде повторно активен и ако пак се одлучите да го направите истото ние имаме право да ви го одземеме за трајно. Додека за VPS забрането е скенирање, искористување на серверот за DDOS, креирање на IRC сервер, тестирање на ботови за IRC.

6. Заштита/Стабилност

    Ние се трудиме целосно да ја испорачаме брзината која ви ја ветуваме истотака се трудиме да ве заштитиме колку што е можно, моментално сорабтуваме со две компании кои нудат рути со 450-500Gbps заштита со цел да неможе страната да подлегне на напади од хакери/ламери. Стабилноста секогаш е на највисоко ниво и од наша страна се трудиме да го задржиме тоа колку е возможно, сепак тоа не зависи се од нас некогаш може да се случат прекини на интернет врските во Дата центарот или да изгори рак сеерверот да настанат други проблеми кои до сега се немаат случено...

7. Податоци на серверот

    Ние како хостинг ви нудиме опција на нашите вебхост пакети да правите автоматски бекуп но потребно е истиот вие да си го превземете или да биде испратен на некој дополнителен сервер, моментално ние не нудиме бакуп на резервен сервер сепак имаме можност да ви понудиме но тоа би требало да го доплатите затоа што цените се на реално ниво и се многу ниски. Ние не сносиме одговорност ако вие ги загубите вашите податоци, затоа што вие сами одговарате за истите, истотака доколку се деси во Дата Центарот да прегори SSD дискот и тогаш не сносиме одговорност. Правете сами бекуп или доколку сакате на резервен сервер тогаш испратете тикет.

8. Дозволени ресурси

    Делта Хостинг на своите вебхостинг пакети ви нуди споделени ресурси тоа значи дека сите ресурси се расподелени еднакво спрема сите корисници. Секој пакет користи различни ресурси и сите тие ресурси се расподелени еднакво спрема сите други корисници на истиот пакет. Вашиот вебсајт неможе да ги оптеретува ресурсите затоа што ако ги надминува дозволените ресурси истиот ќе биде замрзнат од страна на скриптата која не дозволува надминување на ресурсите. Тоа значи вашиот сајт ќе биде спор и нема да се отвара се додека не го оптимизирате и средите. Додека на VPS вашиот сајт користи повеке ресурси од вебхостинг пакет.

9. Уплаќање/Враќање на парите

    Кај нас постојат два начина за уплаќања, првичниот начин е да уплатите на трансакциска сметка која ние ќе ви ја доставиме, додека за вебхостингот постои и можност да се уплати онлајн со кредитна/дебитна картичка. Во цените не е израчунат ДДВ затоа што ако уплаќате директно на нас преку физичко лице тогаш нема ДДВ додека извршувате уплата од фирма тогаш има ДДВ. За враќање на парите ние доделуваме период од 5 дена тоа значи во тие 5 дена имате право да побарате да ви се вратат парите после истек на тие 5 дена вие немате право, додека за сервери за VPS/Игри ви следува само 3 дена..

10. Измени

  1. Делта Хостинг го задржува правото да ги измени овие услови без да ви даде никакво известување, тоа значи доколку се извршат тие промени корисникот ако не сака да ги прифати тогаш Делта Хост има право трајно да му ја одземе услугата.